Фудбал

ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ ЗА ИНТЕР, ТИТУЛАТА ЗА МИЛАН?

Во вечното дерби на Милано, миланезите славеа со пеколен пресврт во три минути, со двата гола на францускиот интернационалец Оливие Жиру во 75-та и 78-та минута, по водството на домаќинот во 38-та минута преку Перишиќ.

Интер има 53 бода со натпревар помалку, Милан има 52 бода од 24 одиграни меча сезонава. Можно ли е да дојде до пресврт и на врвот на табелата во италијанската Серија А, која и сезонава покажува дека е возбудлива?